19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тасевски објави видео од поплава во Драмски: Ако се удавам театарот ќе остане без директор

Обилните врнежи кои вечерва го зафатија Скопје предизвикаа прокиснување во Драмскиот театар.

Директорот на оваа установа, Сашо Тасевски, на својот фејсбук профил објави видео на кое што може да се види како огромни количини вода течат во тоалетите.

Како што вели Тасевски во видеото, прокиснувањето во тоалетите се случило на само еден час пред почетокот на претставата „Секс дрога и рок ен рол“ која на денешниот репертоар беше закажана со почеток од 20 часот.

„Ова е Нијагара во нашиот дом“, вели во видеото директорот на театарот.

Спонзорирано: