24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Први жртви на снежното невреме во Москва

Во снежното невреме кое што ја зафати Москва загина едно лице, а петмина се повредени. „За жал, стихијата не помина без жртви. Еден човек загина од паднато дрво“, напиша московскиот градоначалник Сергеј Собјанин на социјалната мрежа „Вконтакте“.

Во Москва денеска падна 43 сантиметри снег. Од невремето биле соборени најмалку 360 дрва, а Собјанин додаде дека денеска ситуација се очекува да биде посериозна.

Москва е погодена од „Арктичка инвазија“, која донесе рекордни количини снег и леден арктички воздух, изјави Татјана Познаикова, експерт за метеорологија. Според неа, Москва е во центарот на голем циклон, кој се состои од два помали – едниот доаѓа од северозападниот дел, а другиот од Медитеранот преку Балканот, отворајќи го патот за ладен арктички воздух. Речиси 60 летови на московскиот аеродром се блокирани поради невремето.