24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потоп во Албанија: Се излеваат реките, патиштата блокирани, војската спасува, народот се евакуира (Видео)

Поради обилните врнежи во Албанија дошло до излевање на реките и поплави, а денес едно лице загина.

Албанската влада соопшти дека работник на електродистрибуција загинал додека поправал инсталации на северот на Албанија.

Војската досега спасила 17 лица, кои останале заробени во комби откако се излеала река. Евакуирани се и 17 семејства на југозападот на Албанија.

Многу патишта се блокирани поради врнежите, излевањето на реките и лизгањето на земјиштето, некои пристаништа се затворени, а стотици припадници на албанската војска и полиција се наоѓаат на терен.

https://youtu.be/RL2H9bQhdUY