24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дваесет мигранти се удавиле кај Мароко

Мароканската патрола извлекла тела на дваесетина мигранти со потекло од Африка, кои се удавиле при потонување на нивните чамци. Властите на Мароко не ја соопштуваат точната бројка на мигранти кои биле на бродот, но според првичните сознанија се претпоставува дека биле 20.

Причините за несреќата засега не се познати. Илјадници мигранти секоја година се обидуваат да дојдат во Шпанија или преку море, или преку нејзините афрички енклави Мелилја и Сеута.