22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нимиц: Името на државата не треба да влијае на идентитетот

„Мислам дека прашањето за идентитетот е многу важна тема за вашиот северниот сосед, а преговорите се водат за името на државата.Името на државата, решавањето на ова прашање за името на државата, не треба да влијае на идентитетот на граѓаните. Јас верувам дека е можно решение кое ќе биде задоволително и за двете земји“, вели медијаторот Метју Нимиц, во интервју за Euronews на грчки јазик.

Во однос на написите во медиумите за ГорнаМакедонија и НоваМакедонија како прифатливи решенија за Атина и Скопје соодветно, Нимиц коментира дека и тој ги прочитал овие текстови, но дека разговорите сѐ уште се водат за прашањето за одредницата. „Раководствата сѐ уште дискутираат за прашањето за одредницата и која би била најдобра. Вистина е дека во мојот предлог постојат пет опции. Исто така реков дека овие пет предлози не исклучуваат можност другите страни да достават идеи“, вели Нимиц.

Според медијаторот, сега е соодветно време за решение. „Ситуациите се менуваат, владите се менуваат, не знаеме која ќе биде владата во Грција за две години. Не знаеме која ќе биде владата во Скопје, не знаеме каква ќе биде ситуацијата во регионот. Може да се случат различни настани што ќе ја отежнат ситуацијата, во иднина да ја направат посложена ситуацијата за да се најде решение“, додава тој.

Спонзорирано: