15.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон до Ердоган: Турската операција не треба да премине во инвазија

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја предупреди Турција дека нејзината операција против курдските сили на северот на Сирија не би требало да станат оправдување за инвазија.
Турција минатата недела почна воздушна и копнена офанзива на северозападот на Сирија против курдската Единица за заштита на народот во регионот Африн, што отвори нов фронт во седумгодишната граѓанска војна и ги затегна односите меѓу Турција со сојузниците во НАТО.
„Ако се утврди дека оваа операција станува нешто што не е борба против потенцијална терористичка закана по должината на турската граница и стане операција за инвазија, тогаш тоа за нас станува вистински проблем“, рекол Макрон во интервју за парискиот дневник „Фигаро“.
Францускиот претседател најави дека за ова прашање повторно ќе разговара со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Турција ја смета курдската Единица за заштита на народот за терористичка организација и разгранок на Курдската работничка партија, која води 30-годишна побуна на југоистокот на Турција.