15.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Се согласил да го погоди “шокер” – еве што му се случило

Креаторите на популарната интернет научна серија “The Slow Mo Guys”, непрекинато донесуваат поинаков поглед на светот од секојдневието уште откако го објавија своето прво видео во 2010. година.

Додека момците, Англичанецот Гевин Фри и Даниел Гручи, прават се` за да ги подучат своите шест милиони претплатници, објаснуваќи им ја физиката низ успорени снимки, нивната главна цел е – забавата.

За нивниот последен експеримент момците отпатувале во Скотсдејл, Аризона, каде го посетиле американското седиште на Тејзел Интернешнл, компанија која произведува електрично оружје. Нивното име стана синоним за електричен пиштол – „тејзер“.

Фри и Гручи така одлучиле да направат успорена снимка од гаѓање со електричен пиштол. Пронашле „доброволец“, па го „шокирале“ со тејзер.

Снимката совршено го покажува моментот во кој електродите го погодуваат телото и испуштаат 50.000 волти низ мускулите на доброволецот.

Снимката која ќе ја погледнете ќе ве шокира и вас: