20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Злато вредно милиони завршува во канализација!

Од златни заби до бурми, секоја година во Велика Британија во канализацијата исчезнуваат предмети од племенити метали, пред се, од злато, во вредност од 13 милиони фунти (18,5 милиони евра).

Анализата што ја спровел „Темс Вотр“, најголемиот британски водовод, открива дека количината злато во канализациониот систем може да се спореди со количината пронајдена во рудниците.

Хејзел Причард, геолог од Универзитетот во Кардиф, која учествувала во ова истражување, рекла дека таа и нејзините колеги од „Темс Вотр“ биле шокирани од наодите.

Таа навела дека во канализацијата златото е застапено во количина од три дела на милион, што е исклучително високо ниво. Споредбено, рудниците со злато се сметаат за економски исплатливи доколку во нив жолтиот метал е застапен од еден до три дела на милион.