12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пучдемон треба да се врати во Барселона за да биде реизбран, соопшти шпанскиот Уставен суд

Шпанскиот уставен суд одлучи дека поранешниот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, мора да се врати во земјата и да биде присутен во парламентот за да може повторно да се кандидира за шеф на каталонската влада.

Уставниот суд навел дека седницата на каталонскиот парламент закажа за вторник ќе биде откажана доколку Пучдемон, кој избега во Белгија за да избегне судско гонење во Шпанија, се обиде да биде избран во отсуство.

Судот, исто така, навел дека Пучдемон мора да бара судска дозвола за да присуствува на седницата.

„Уставниот суд едногласно одлучи привремено да го суспендира поставувањето на Пучдемон освен ако тој лично не се појави во регионалниот парламент со судска дозвола“, се наведува во соопштението по долгото разгледување на ситуацијата во која учествувале 12 судии.

Пучдемон избега во Брисел во октомври минатата година поради стравување дека шпанските власти би можеле да го уапсат по референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија.