12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Атина: Уапсен Авганистанец кој во ранец носел детонатори

Грчката полиција во Атина уапси државјанин на Авганистан, кој во ранец носел седум електрични и електронски детонатори и неколку лажни лични карти, објави грчката агенција АНА.

Според информациите, Авганистанецот се шетал како бездомник. Тој немал постојано живеалиште, а живеел со други странски државјани во повеќе станови.
Во тек е истрага од каде му се детонаторите и дали сам делувал или има и други вмешани.