12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Oбидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги вовлече собраниските служби во игрите за блокади е скандалозен, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ параниочно шири лажни вести, а обидот да ги вовлекува собраниските служби во своите политикански игри за блокади е скандалозен, реагира СДСМ на тврдењата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ дека дел од амандманите на опозицијата биле фрлени во контејнер.

„ВМРО-ДПМНЕ параниочно шири лажни вести и конструкции, соочена со неуспехот на сопствените политики на поделби и омраза коишто ги промовира. Скандалозна е намерата на опозициската партија да ги вовлекува собраниските служби во своите ситни политикантски игри на манипулации и лажни вести. Според јавно достапните информации објавени во медиумите, собраниските служби веќе потврдиле дека сите амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се уредно примени, архивирани и заверени. Сите конструкции на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода“, велат од СДСМ.

Со овој очаен потег, стои во соопштението, јасно се чита намерата на ВМРО-ДПМНЕ да ја прикрива изгубената доверба кај граѓаните со постојано измислување лажни вести.