17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Саудискиот принц Алвалид бин Талал ослободен од притвор

Саудискиот принц и инвеститор, милијардерот Алвалид бин Талал, денеска е ослободен од притвор откако пред три месеци беше приведен во акција против корупција и задржан во еден луксузен хотел.

Принцот денеска е пуштен од хотелот „Риц Карлстон“ во Ријад, каде беше во притвор од 4 ноември. Условите за негово ослободување засега не се познати.

Принцот Алвалид бин Талал е меѓу најбогатите луѓе во светот. Тој е голем инвеститор во медиумите и во технолошки компании.

Во Саудиска Арабија во ноември беа приведени 11 принцови и 38 поранешни министри, како и неколку функционери и бизнисмени во акција против корупцијата.