14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон: ЕУ мора да се промени за да може да се натпреварува

Францускиот претседател Емануeл Макрон истакна на Светскиот економски форум во Давос дека Европската Унија годинава ќе мора да се реформира со цел да може да се натпреварува со големите сили како што се САД и Кина.

Макрон рече дека амбициозните членки на ЕУ треба да овозможат брзо движење кон поголема интеграција, дури и ако другите членки не сакаат да се придружат.

„Помалку амбициозните не треба да ги блокираат амбициозните во просторијата“, наведе францускиот претседател.

Додаде дека земјите што го користат еврото мора да се договорат за посилен и поправеден систем, а членките на ЕУ да ги координираат своите даночни политики.