10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ново име на скопскиот аеродром и на автопатот – Наместо Александар Велики, името ќе биде “пријателство”

На попладневната ппрес конференција на премиерот на Македонија Зоран Заев и премиерот Алексис Ципрас во Давос, беше објавено дека преговорите за името се подигаат на повисоко ниво, односно нив ќе ги водат министрите за надворешни работи на двете земји.

– Крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни. Мора да водиме грижа за нашите интереси и за нивните интереси. Решението мора да биде во насока на заштита на националниот идентитет и идентитетот на нашите народи. Со цел конкретно да поакажеме дека сме посветени на решение, ви најавувам дека Владата ќе го промени името на аеродромот и на автопатот, автопатот ќе се вика “пријателство”, рече премиерот Зоран Заев.

Прес конференцијата следуваше по двочасовната средба во Давос, која се одддржа на маргините на Светскиот економски форум.

целата прес конференција во продолжение