17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата Франциско: Лажните вести се како ѓаволот што ја убеди Ева да го изеде јаболкото

Папата Франциско ги осуди лажните вести и ги нарече зло истакнувајќи дека новинарите и корисниците на социјалните мрежи треба да избегнуваат манипулаторски и подмолни тактики и да ги разоткријат бидејќи тие, како што вели папата, сеат поделби што им служат на политичките и економските интереси.

„Лажните вести се знак за нетолерантни и хиперсензитивни ставови и водат само кон ширење ароганција и омраза. Тоа е краен резултат од невистини“, истакна папата во првиот документ за тоа прашање, пренесе „Ројтерс“.