16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ќе го ажурира членството

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Извршниот Комитет донела одлука за формирање работна група за ажурирање на членството на партијата.

Од партијата информираат дека работната група ќе биде составена од членови на Извршниот комитет, кои во наредниот период ќе треба да предложат методологија која ќе биде усвоена од страна на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и веднаш потоа ќе се отпочне со ажурирање на членството.

Според ВМРО-ДПМНЕ, новата влада предводена од СДСМ ја води државата во погрешна насока.

„Погрешните политики и безидејноста на Владата на СДСМ, резултираат со влошување на ситуацијата во државата при што се загрозени владеењето на правото и демократијата, а се практикува и реваншизам кон неистомислениците, вршејќи политички терор врз нив“, стои во партиското соопштение./Извор: Мета.мк

Спонзорирано: