25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: Верувам дека ќе се изнајде достоинствено решение за името

Верувам дека помеѓу две земји, кои што се пријатели и имаат намера да бидат уште поголеми пријатели, ќе се изнајде решение каде што ќе се сочува достоинството на двете страни, и буквално ќе биде придобивка за иднината на граѓаните на двете земји. Ова го изјави претседателот на Владата, Зоран Заев како одговор на новинарско прашање околу преговорите за спорот со Грција.

„За суштината на предлозите, на разговорите, на рамката која што е испорачана, не би требало јавно да зборуваме, да не ги уништиме шансите на преговорите. Гледате дека се води транспарентен процес, знаете дека сакаме со национален консензус да го изградиме решението на ова прашање и на крајот граѓаните на референдум да го потврдат. Јас сум убеден дека ако бидеме внимателни, ако водиме грижа дури и за грчката страна, а грчката страна да води грижа за нашата страна, верувам дека ќе се изнајде решение за ова прашање кое што еве 25 години не измачува пред се нас, граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.

Запрашан како ја коментира изјавата на претставникот во преговорите Васко Наумоски кој пред неколку дена рече дека Нимиц не нудел достоинствени решенија, Заев посочи дека се работи за личен став, а луѓето можат слободно да коментираат. Додаде дека тој е оптимист и верува во достоинствено решение.

Претседателот на Владата потврди дека на 24-ти јануари во Давос ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас.