16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

По инцидентот во Битола – вечерва се огласи Албанската влада, ова е нивната порака

Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот.

Станува збор за графитот на фасада на зграда во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со додавка „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.

„Министерството за Европа и за надворешни работи на Република Албанија изразува жалење и го осудува говорот на омраза кон Албанците изразен во натписи на јавен простор во Битола. Не е прв пат Битола, градот на историскиот конгрес за албанскиот јазик, намерно и неприфатливо да биде соочен со акти чија намера е да се предизвика омраза, нарушување и тензии помеѓу заедниците“, стои во соопштението на албанското министерство за Европа и надворешни работи.

Од таму бараат македонските власти да го истражат случајот и да ги откријат сторителите на овој чин, кој, како што велат, „се коси со духот на соживот и хармонија во Македонија и во регионот“.

Спонзорирано: