25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Со девојката заминал на патување од соништата кое се претворило во ПЕКОЛ! Во хотелот биле „живи изедени“

Откако како подарок добил патување во Њујорк, Елгин Озлен сонувал совршен одмор кој ќе го помине со својата девојка. Но, доаѓањето во хотелот го упропастил цел одмор.

Кога стигнале во споменатиот хотел прво ги сместиле во соба во која немало греење. Откако се пожалиле биле испратени во друга соба каде не работеле штекерите. Третата соба требало да биде трета среќа, но гасениците кои ги преплавите душеците „живи ги изеле“.

Озлен бил целосно разочаран и најавил дека ќе им испрати санитарна инспекција во хотелот.

– Се надевам дека никој повеќе нема да отседне тука – рекол Озлен кој ги добил парите назад.

За каков хорор станува збор покажува и видеото кое се појавило на „Редит“. Еден корисник на „Редит“ им порачал на сите при доаѓањето во овој хотел да ги проверат рабовите на душеците за да видат дали се полни со гасеници. Им препорачал на евентуалните гости да ги фотографираат душеците како доказ кој би го приложиле на рецепција. Им порачал и никако да не остануваат во таа соба, бидејќи стениците на крај ќе завршат со нив во нивниот дом.