25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

СЛАТКА ОСВЕТА: Пред Божиќ дознала дека дечкото ја изневерува, па му приредила изненадување!

Замислете пред најрадосниот празник да дознаете дека вашиот долгогодишен партнер ве лаже? Токму тоа и` се случило на една девојка, кога ги пронашла пораките кои биле доказ за изневерувањето на неговиот Фејсбук профил.

Имено, тој заборавил да се одлогира, а девојката била љубопитна па ги проверила неговите пораки. Забележала дека нејзиниот дечко се допишува со друга девојка.

Тогаш таа одлучила да му докаже дека ништо не може да сокрие од неа.

Не и` паднало на памет да направи некоја љубоморна сцена, туку се сетила на нешто многу подобро – ги сочувала пораките од својот дечко и ги испечатила. На крај, ги ставила во украсна хартија, а на Божиќ му го оставила „подарокот“ на својот дечко.

И додека неверниот дечко мислел дека отвара подарок, измамената девојка вистинските подароци ги вратила во продавница, а парите кои ги добила назад ги потрошила на себе.

„Немој да се обидуваш да ме лажеш“ – напишала покрај подарокот.