24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ново министерство за осаменост – министерка ќе биде 42-годишната Крауч

Велика Британија ја назначи 42-годишната Трејси Крауч за министерка за осаменост, со цел да се бори со модерните здравствени проблеми поврзани со социјалната исклученост. Крауч изјавила дека е горда што може да се зафати со „генерацискиот предизвик“ за да се справи со прашањето кое засега околу осум милиони, млади и стари жители на Велика Британија.

Новото Mинистерство е последица на истражувањата кои покажуваат дека едно од десет лица се чувствуваат секогаш или често осамени и дека стотици илјади постари лица не зборувале со пријател или роднина во изминатиот месец. Според студија од минатата година, осаменоста е штетна по здравјето на ист начин како и пушењето 15 цигари дневно.

Спонзорирано: