26.8 C
Скопје
1. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нимиц: Терминот „Македонија“ останува во новото име

Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во предлог решението за името бидејќи веќе го имаат признаено повеќе од 100 земји во светот, изјави медијаторот во спорот за името Метју Нимиц.

Неговата изјава беше дадена за грчката телевизија „ТВ Антена“ непосредно пред почетокот на новата рунда од преговорите помеѓу претставниците од Македонија и Грција на чело со Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, што се одржува во Њујорк.

Тој потсети дека во името на земјата, која е примена во Обединетите Нации, како „Поранешна Југословенска Република Македонија“, исто така се содржи терминот „Македонија“, со што ова име е прифатено и од самата Грција.

Нимиц додаде дека спорот за името трае долго време и очекува да биде пронајдено решение кое ќе ги задоволи двете страни.

Меѓународниот медијатор смета дека Грција треба да игра значајна улога во регионот, а еден од начините да го направи тоа е решавањето на спорот со нејзиниот сосед, со цел Скопје да може да продолжи да се движи на евроатланскиот пат.