25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Србов: Со договорот со Бугарија ќе се промени историјата на Македонија

ВМРО-ДПМНE смета дека треба да се унапредуваат и продлабочуваат добрососедските односи на секое поле, но според меѓународните принципи, за жал, договорот со Бугарија не е соодветна основа за натамошно зближување базирано на заемна почит, изјави Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.

– За жал, договорот за добрососедство, што го преговараше Владата на Заев, а го ратификува мнозинството од СДСМ , не е соодветна основа за натамошно зближување базирано на заемна почит. Неговата примена ќе значи промена на историјата на земјата. Договорот е асиметричен и на штета на Република Македонија. Во овој договор РМ се обврзува на нелогични и потценувачки отстапки, а Бугарија нема никакви отстапки. Со овој договор власта ѝ дава отворена можност на Бугарија да може да нè блокира во кој било дел во преговорите со ЕУ ако оцени дека Македонија не исполнила дел од барањата од договорот – рече Србов

СДСМ со овој договор го деградира македонскиот јазик и тој се согласува во меѓусебниот договор да биде ословуван како јазикот според Уставот. Заев го менува јазикот кој е кодифициран повеќе од 70 години. Власта дополнително се откажа и од македонското малцинство во Бугарија за кое во согласност со чл. 49 од Уставот на државата има обврска да се грижи.
Македонската посебност како народ сериозно се разнишува со овој договор преку формирање комисии што ќе испорачуваат политички предлози за измени во учебниците, кои потоа треба да се реализираат. Неизвесно е според која научна методологија ќе се ревидира историјата на Република Македонија. Повторуваме, ревизија исклучиво на македонската историја, што значи и ревизија на сè она за кое се бореле нашите предци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.