27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Мухиќ: Договорот е асиметричен, Македонија прави отстапки

Пратеникот Ферид Мухиќ е единствениот што гласаше воздржано за ратификацијата на договорот со Бугарија. Според него, договорот не е симетричен и нема реципроцитет бидејќи македонската страна прави повеќе отстапки.

– Вообичаено е договорите за доброседство и пријателство да бидат правени врз принципи на реципроцитет и симетричност. Мора да кажеме дека овој договор не е граден врз основа на приницпите за реципроцитет и не е сосема симетричен. Има клучни точки во кои тој отстапува од овој модел. Многу значајно е да се нагласи дека македонската страна прави напори и отстапки што не се вообичаени. Со тоа ја нагласува својата добра волја. Сите овие афирмативни елементи се значајни, но треба и да се види дека она што се добива со овој договор има и своја цена. Таа цена е вредноста на македонскиот гест. Гестот на македонската Влада е благороден и крупен гест – рече Мухиќ.

Собранието го изгласа предлог-законот за ратификација на договорот за пријателство и добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија со 61 глас „за“. Опозицијата не присуствуваше на седницата.