16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вознемирувачко видео: Жена снимена како брутално ја тепа својата ќерка

Вознемирувачко видео: Жена снимена како брутално ја тепа својата ќерка

Аргентинските власти одзеле три деца од насилна мајка која тајно е снимена како брутално ги малтретира.

На снимката која е објавена во аргентинските медиуми, се гледа како мајката за коса го фаќа тригодишно девојче, го подигнува од кревет и го удира обвинувајќи ја дека го изгубила таблетот.

Не е познато кој го снимил видеото, но веројатно бил запознат со насилството во ова семејство во градот Бахиа Бланка.

„Зошто не можеш да се сетиш каде ги оставаш работите“, зборува мајката додека брутално го тепа девојчето кое плаче.

Децата сега се под надлежност на социјалните служби, а не е познато дали против жената е подигнато обвинение за насилство.

Предупредување: Видеото е со вознемирувачка содржина

https://youtu.be/t2mBVD8KTIM

Спонзорирано: