14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Состанок на Европската служба за надворешни работи со политичките директори од Западен Балкан

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа вториот состанок на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАЅ) предводена од заменик-генералниот секретар на ЕЕАЅ, Жан-Кристоф Белијард, со политичките директори на земјите од Западен Балкан (WB6).
Дискусиите на состанокот беа фокусирани на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, прашања поврзани со источното партнерство на ЕУ, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, како и актуелната ситуација и развојот на настаните во регионот и пошироко.
Државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, ја поздрави сеопфатната досегашна посветеност на ЕУ во земјата и во регионот истакнувајќи го очекувањето оваа посветеност да се круниса со завршен процес на интеграцијата на Балканот во ЕУ. Во овој контекст Димовски ги реафирмира конкретните чекори на Владата во изминатата година на внатрешен и на надворешнополитички план и информира за претстојните активности во 2018 година за интеграцијата на нашата земја во Унијата. Воедно, ја реафирмира заложбата за усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и интересот за интеграција на македонскиот енергетски сектор во регионалниот и во европскиот пазар.