17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЕДС во процес на финализирање на договорот за продажба

Грчката национална компанија за производство на електрична енергија (Public Power Corporation – PPC), ППЦ потпиша писмо за намери за купување на Групацијата ЕДС и на сите нејзини подружници во Југоисточна Европа. Со оваа одлука грчката ППЦ има намера да влезе и во бизнисот со трговија за електрична енергија, што е новина за оваа компанија, којашто за првпат ќе работи во овој сегмент од пазарот за електрична енергија и на овој начин го проширува своето портфолио.
ППЦ е една од најголемите компании во Југоисточна Европа од областа на енергетиката со вкупна актива од повеќе од 15 милијарди евра и годишни приходи од над 5 милијарди евра. Основната дејност на ППЦ е производство, дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Грција за 7.3 милиони потрошувачи и има пазарен удел од околу 85%. ППЦ е сопственик и на ХЕДНО – Операторот на Дистрибутивната мрежа во Грција и ППЦ Обновливи извори – една од компаниите пионери во Европа за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Преносот на удели е процедура којашто ќе се изведе согласно со законите во нашата земја, вклучително и обезбедувањето одобрение од Комисија за заштита на конкуренција. По завршувањето на сите процедури, ППЦ во целост ќе го преземе менаџирањето на ЕДС.