24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР потврди дека сопственикот на станот го предизвикал пожарот

Полицијата потврди дека сопственикот сам го предизвикал пожарот што избувна вчера во стан во една од зградите зад Собрание во Центар.

Според информациите на МВР, вчера во 10.27 часот во Единицата за информации и команда Скопје, било пријавено дека на ул. „Даме Груев“, зад Собрание, во стан на вториот кат имало пожар.

„Полициски службеници излегле на местото, каде бил затекнат В.М. (39), кој го опожарил својот стан. Притоа, тој нападнал еден полициски службеник, удирајќи го со глава во пределот на главата. Кај полицискиот службеник биле констатирани телесни повреди, а В.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Душевната болница „Бардовци““, соопшти МВР.

Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат и било констатирано дека од исчадувањето од пожарот настанало оштетување кај друг стан. Исто така, од користената вода за гаснење на пожарот, настанало и оштетување кај повеќе станови.