17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова потрага по авионот на „Малезија ерлајнс“ кој исчезна пред четири години

Владата на Малезија одобри нова потрага во Индискиот Океан по авионот на „Малезија ерлајнс“ кој исчезна пред четири години.

Авионот со 227 патници и 12 членови на екипажот исчезна на 8 март во 2014 година на летот Куала Лумпур-Пекинг. Од тогаш на брегот на Индискиот Океан се пронајдени неколку делови кои ги исфрлила водата, но ниту еден не помогна да се одреди каде паднал авионот.

Владите на Малезија, Кина и Австралија на 17 јануари 2017 година ја запреа неуспешната потрага која траеше 1.046 дена. И понатаму е мистерија зошто авионот летал во спротивен правец од зададениот курс.