22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Страшна случка во мртовечница: Работник се онесвестил кога во очи го погледнала „мртва жена“!

92-годишна жена, која била прогласена мртва, се разбудила и врескала од страв во ледена мртовечница.

Обвинителите во Германија го обвиниле лекарот за оваа кобна грешка. 53-годишниот лекар прогласил смрт кај старицата, откако негувателка во старечки дом забележала дека жената нема пулс и не дише.

Нејзиното тело било пренесено во погребна служба во Берлин, каде го ставиле во мртовечница. Но, само неколку часа подоцна, работник во мртовечницата слушнал врескање.

Кога влегол внатре ја видел жената како гледа во него и се онесвестил.

Два дена подоцна жената починала.