15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев за Нова година во неофицијална посета на Солун

Премиерот, Зоран Заев, новата година ќе ја дочека во Солун со градоначалникот на вториот по големина град во Грција, Јанис Бутарис, потврдија денеска од Владата.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, рече дека премиерот Заев за новогодишните празници ќе отпатува за Грција на покана на градоначалникот на Солун, Бутарис.

Како што соопштуваат од прес-службата на Владата, престојот на премиерот Заев во Грција ќе биде во форма на приватна посета, односно нема да биде официјална државна посета.

Солунскиот градоначалник, Бутарис, го поканил Заев Новата година да ја дочека во Солун за време на неговата посета на Скопје кон средината на ноември.