14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрија се откажа од квотата за мигранти

Австрискиот канцелар Себастијан Курц повика на завршување на неуспешните обиди за воспоставување на систем квота за прераспределба на азилантите по земји на Европската унија и апелираше да се вложат нови напори да им се помогне на бегалците во нивните земји од каде потекнуваат.

Во време кога беше министер за надворешни рабботи, Курц остро ја критикуваше одлуката на германската канцеларка Меркел да ги отвори границите на Германија за повеќе од еден милион мигранти во 2015 година.

„Присилувањето на дрѓавите да ги прифатат бегалците нема да ја одведе Европа напред. Мигрантите кои тргнале кон Европа не сакаат да одат во Бугарија или Унгарија. Тие сакаат да одат во Германија, Австрија или Шведска“ изјави Курц за германски „Билд ам Зонтаг“.

Наместо инсистирање на, како што вели Курц, неуспешна политика, австрискиот канцелар ја повикува ЕУ да ги поддржи напорите за помагање на мигрантите во нивните земји на потекло или во соседните земји.

„Ако тоа не е можно, тогаш би требало да им се помогне во безбедните области на нивниот континент. ЕУ би требало тоа да го поддржи, дури и да го организира и воено да помогне“ оцени Курц.