22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Скенирајте фискални сметки: Почнува големата наградна игра, државата дели вредни награди од половина милион евра

Наградната игра МојДДВ#МојаНаграда ќе започне во текот на овој месец и наградниот фонд е половина милион евра, најави министерката за финансии Нина Ангеловска на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Таа посочи дека #МојаНаграда претставува надградување на успешната мерка МојДДВ, како и дека по примерот на многу успешни пракси во светот, преку наградна игра ќе се стимулира борбата против сивата економија.

–Наградната игра наречена мојДДВ#МојаНаграда има награден фонд од половина милион евра. Таа ќе придонесе да се стимулира дополнително земањето на фискални сметки. Мерка која дава резултати како МојДДВ треба да се надградува. Погледнете ги извештаите на Европската комисија за успешни и најдобри практики, како земјите адресирале сива економија со примена на наградни игри и како ги зголемиле приходите за 30 отсто, а ја намалиле сивата економија. Тие ги стимулирале граѓаните, односно применувале стимул а не казни. Со наградната игра и ние ќе ги стимулираме граѓаните кои го надминале месечниот лимит за поврат, да продолжат да скенираат бидејќи можат да добијат вредна парична награда. Исто така, граѓаните ќе бидат мотивирани да ги скенираат сите фискални сметки, без разлика дали имаат 5% ДДВ или нула проценти ДДВ. Сега сите ќе имаат еднаква шанса за добивка, рече Ангеловска.

Таа посочи дека МојДДВ ги испорачал резултатите за кои бил наменет – сузбивањето на сивата економија, што се огледа по подобрената наплата на ДДВ, како и по бројот на корисници од над 180.000 граѓани кои месечно скенираат околу 8 милиони фискални сметки. Ангеловска рече дека од 1 до 15 декември ќе се изврши првиот поврат на ДДВ кон граѓаните кои скенирале фискални сметки.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Со Мој ДДВ за три месеци кај граѓаните вратени осум милиони евра

M T

Biznispro: Граѓаните се ослободуваат од печките на пелети, огласниците полни – цената стигна над 320 денари за вреќа

CENTAR MKD

Субвенциите за купување на куќа или стан од 50.000 евра можат да стигнат до 20.000 евра: Целосен прирачник како да аплицирате за нов стан/куќа и да добиете субвенции

CENTAR MKD

СДСМ: Преку „Мој ДДВ“ вратени над 36 милиони евра кон речиси 400.000 граѓани за две години

M T

Мелиса Ценовска Серафимовска: СДСМ ги враќа парите кај граѓаните – преку МојДДВ на 399.000 граѓани им се вратени 36,3 милиони евра

M T

Лукаревска: Со „Мој ДДВ“ четиричлено семејство враќа 28.000 денари годишно во домашниот буџет

M T