Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Експлозија во Куманово – заборавил плинска боца на шпоретот на дрва кој притоа го запалил

Кумановец на возраст од 28 години е повреден и пренесен во болница, откако во неговиот дом во селото Доброшане експлодирала плинска боца.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во утринските часови на 5 декември, а според пријавеното, 28-годишникот запалил шпорет на дрва на кој била поставена плинска боца, која притоа експлодирала.

Кумановецот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ТРИПАТИ СЕ ОБИДЕЛА ДА ПЛАТИ СО ЛАЖНИ 50 ЕВРА – Кривична пријава против тетовка

ДЕСК

РАБОТНИК ШТО МИЕЛ АВТОМОБИЛИ ГО ПРИКАЖУВАЛЕ КАКО ПРОДАВАЧ – Кривична пријава за фиктивни договори во Охрид

ДЕСК

ЗАКАНИ МЕЃУ КОЛЕГИ ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ – 41-годишна скопјанка пријавила во полиција

ДЕСК