На крајот од заедничката прес-конференција генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се ракуваше со претседателот на владата на Република Македонија, Зоран Заев, и потчукнувајќи го по рамото рече дека тие се пријатели и го нарече премиерот Заев – „мој херој“.
Инаку, на прес-конференцијата генералниот секретар на Алијансата јасно стави до знаење дека за Македонија не постои план Б и дека нема членство во НАТО без решение на прашањето со името.