Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Пред два дена во Брисел ни беше направена голема неправда – Јас сум разочаран и лут и знам дека цел народ се чувствува така

– Пред два дена во Брисел ни беше направена голема неправда, европската унија не ни го испорача тоа што ни го вети. Ние ги исполнивме нашите обврски, а тие не си остана на зборот и не испорачаа. Тоа што е ЕУ не ни даде преговори е нивна историска грешка и тоа го потврдија сите европски лидери. Денеска сакам јавно да се заблагодарам на европските лидери кои застанаа зад нас, порача премеирот Зоран Заев на денешната прес конференција.

– Факт е дека ние сме жртви на историска грешка кај ЕУ, и тоа кај нас предизвикува огорченост. Јас сум разочаран и лут и знам дека цел народ така се чувствува. затоа гневот и лутината на народот ги чувствувам како уште една лузна. За мене ова е исклучително лоша и неправедна постапка. Тоа е одлука на ЕУ заради нивни нерешени работи, таа одлука ние не можевме да ја промениме, рече премиерот Зоран Заев.

 

 

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК