Centar.mk
БИЗНИС

Две странски компании ја напуштаат Македонија – имаат сериозна бројка на вработени

Странски компании ја напуштаат Македонија, а голем број на работници би можеле да останат без работа.

Две големи странски компании кои неколку години активно работат во ТИРЗ зоната „Бунарџик“ во Скопје се подготвуваат да го напуштат македонскиот пазар, објави ТВ Телма.

Една од нив е американската компанија „Аптив“, од каде потврдиле дека се очекува да ја затворат својата фабрика најдоцна до крајот на следната година.

Втората компанија која ќе замине е американската „Дура“.

Катастрофални се и бројките за странски инвестици, така лани, заклучно со јуни, тие изнесувале над 560 милиони евра, додека годинава се сведени на околу 200 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

CLOUDFLARE СО 39 ПРОЦЕНТИ ПОВИСОКИ ПРИХОДИ – Компанијата сепак пријави нето-загуба

ДЕСК

ПОЗНАТО Е КОГА ДОАЃА ПОВРАТОТ ОД „МОЈДДВ“ – Државата ќе може да исплати 2.100 денари по лице на скенирачите на сметки за последниот квартал

ДЕСК

ДАЛИ ВО ПЕТОК ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ МЕНУВАЧНИЦА – Колку денари се 100 евра, долари, фунти и франци на 6 ноември?

ДЕСК