22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Царовска вечерва со добра вест – Најави скок на минималната плата и вонреден раст на пензиите во Македонија

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Кочани најави дека наскоро следува ново, значително покачување на минималаната плата, а со стабилизација на пензискиот фонд и вонредно покачување на пензиите на почетокот на 2020 година.

– Ја покачивме минималмната плата која во некои индустрии изнесуваше 8.500 денари, а сега изснува 12.500 денари. Но тука не застанавме. Многу скоро ние како Влада заедно со синдикатите и стиопанствениците, ќе најавиме, ново покачување на минималната плата, затоа што нашите работници и сограѓани го заслужуваат тоа, порача Царовска.

Покрај платите, истакна Царовска, ќе следува раст и на пензиите и подигнување на животиот стандард за пензнионерите.

– Преку успешни политики успеавме да го стабилизираме Фондот за пензиско осигурување. Пензиите растеа просечна како што растеа платите и економијата. Но ние законски им гарантираме на пензионерите, ако растат платите, ако расте економијата ако имаме вработувањата ќе растат и пензиите. И тоа премиерот го вети. На почетокот на наредната година, во првиот квартал ќе растат вонредно и на тоа ќе останат усогласувањата кои се по закон, посочи потпретседателката Царовска.
Во своето обраќање Царовска се осврна и на проектите од значење за Кочани, како постапката за изградба на современа детска градинка во општината, како и отворениот центар за ран детски развој во населеното место Тркање.

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

M T

СДСМ: Платите во образованието ги зголемивме за 36%

M T

ОВОЈ ЗНАК ЌЕ СЕ ЗБОГАТИ ВО ОКТОМВРИ: Го чека голем прилив на ПАРИ

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

M T