Министерката за правда Рената Дескоска во Тирана учествува на Конференција на високо ниво, насловена „It’s all about Justice“, која е организирана од страна на Министерството за правда на Албанија во соработка со Советот за регионална соработка (RCC).
Како што информираат од ресорното министерство, на форумот ќе се дискутира околу исполнувањето на европските стандарди и реформите во областа правда, унапредување на владеењето на правото и зајакнување на регионалните напори да се постигнат ефикасни реформи, што е всушност суштината на патот на регионот кон ЕУ.
На конференцијата, Дескоска ќе ја презентира генералната слика на спроведените реформи и постигнати резултати во правосудниот систем и искуството од соработката со Венецијанската комисија и другите релевантни меѓународни фактори.
На конференцијата учествуваат министрите за правда од Западен Балкан, претставници на граѓанските организации и експерти кои работат во областа владеење на правото. Покрај министрите за правда, на конференцијата учествува и албанскиот премиер, Еди Рама./Makfax