Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека сака да има кеш пари во џебот во случај да треба да остави бакшиш, бидејќи новинарите побараа од него да ја коментира фотографијата на која од задниот џеб му ѕирка банкнота од 20 долари.
Трамп додаде дека сака да има кеш во џебот, а потоа извадил купче банкноти за да им ги покаже на новинарите, јавија американските медиуми.
„Јас не носам паричник бидејќи долго време не морав да користам кредитна картичка“, рече со насмевка американскиот претседател.
„Сакам да оставам бакшиш во хотел. Затоа сакам да имам нешто ситно со мене. Можеби претседателот не треба да го прави тоа, но јас сакам да оставам бакшиш”, објасни Трамп./Makfax