19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара Анкетна комисија во Собранието за утврдувањето на нестручно и незаконито работење на СЈО и Катица Јанева

Предлогот е Комисијата да ја предводи претседател од редот на најголемата опозициска партија, а другите 10 члена да се одредат според распоредот на силите во Собранието, со набљудувачи од шведската, американската и холандската амбасада.

– Во името на граѓаните кои досега одвоиле 15 милиони евра сакаме да провериме на кој начин се трошеле нивните пари и на кој начин се постапувало во законските постапки, деловодници, законитост на постапки при вработување, можни конфликти интереси при вработување и непотизам, и сомнителни хонорари, вели Антонио Милошоски, јавува Сител.

ВМРО-ДПМНЕ бара Анкетна комисија во Собранието за утврдувањето на нестручно и незаконито работење на СЈО и Катица Јанева.

Милошоски очекува во најскоро време да се изјаснат сите, особено владејачкото мнозинство.

Спонзорирано: