Утре само во западните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.
Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди, ќе дува умерен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми.
Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд ќе има во среда попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег.
Ќе дува засилен југозападен, а во вечерните часови како и во четврток северозападен ветер.
До четврток на планините во северозападните делови ќе има врнежи од снег претежно со умерен интензитет, така што ќе има континуирано зголемување на снежната покривка.
Спонзорирано: