Кога брачен пар ќе дознае дека ќе добие дете, неизмерно се среќни. Среќата е поголема кога ќе дознаат дека ќе добијат близнаци.
Идентичните близначки Леах Роус и Ава Марие се родени на 7 јули 2010 година во Калифорнија.
Мајката Џеки брзо почнала да забележува колку се убави нејзините ќерки.
Кога имале 6 месеци, ја добиле првата понуда да бидат модели. Но, мајката ја одбила понудата.
Кога наполниле 7 години, 7.7.2017 година, Џеки тоа го сфатила како знак. Ги поставила нивните слики на Инстаграм, но немала појма дека ќе станат толку популарни.
Преку ноќ станале познати и многу модни агенции им понудиле договори.
Станале најубавите близначки на светот…