Властите на Уганда треба што е можно побргу да ги изведат киднаперите на американската туристка пред лицето на правдата, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува „Спутник“
„Уганда мора да ги најде киднаперите на американскиот турист и водичот пред луѓето да се чувствуваат безбедно да одат таму. Изведете ги пред правдата јавно и бргу“, напиша Трамп во порака на „Твитер“.
Повикот на Трамп доаѓа бидејќи Американката Кимберли Сју Ендикот и нејзиниот водич на сафари, Жан Пол, беа ослободени во неделата кога беа киднапирани под закана со пиштол во еден национален парк во Уганда пред пет дена.
Киднаперите првично бараа откуп од 500.000 долари за ослободување на 35-годишната американска државјанка и нејзиниот возач. Подоцна тие беа оставени во колиба во паркот, објави „Еј-би-си њуз“ цитирајќи го портпаролот на операцијата за сафари во Уганда.
Останува нејасно колкав откуп е платен за киднапираните.