Автопатот Штип – Миладоновци е пуштен во функција, и таму веќе можат да се забележат автомбоили.
Како што информираа од Министерство за транспорт, новиот автопат е во моментов пуштен во тест употреба, а официјално ќе биде пуштен за два месеци.
Оваа година возењето ќе биде бесплатно, со оглед дека патарините не се изградени, а исто така во тек е и изградба на пристапни патишта кои ќе го поврзат автопатот со околните места.
Изградбата на автопатот завршила уште во декември минатата година.
Спонзорирано: