„Суперхикс“ вчера во МКЦ ја прослави својата 25-годишнина од првиот настап. Тие се вратија на корените кои почнале во 1994 година со настапот во Доорс во Дебар Маало, на истиот ден, 3 март.
Песните како „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“, и многуте други го размрдаа МКЦ во целост. Нивните фанови уживаа во музиката која веќе две и пол децении ја задржува својата уникатност и позитива. Музиката на „Суперхикс“ ги исполнува Скопје и Македонија со ритам кој ќе владее уште многу години.
Банда инструментале ја претставија и новата песна „Модерна љубов“.
Спонзорирано: