10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија ќе им го одзема државјанството на борците на Исламската држава

Германија има намера да им го одземе државјанството на борците на Исламската држава, објавија германските медиуми.

Планот, договорен од министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, и министерката за правда, Катарина Барли, предвидува одземање на германски пасош на борците на Исламската држава од Германија, ако имаат друго државјанство, ако се возрасни и ако учествуваат во борбите. Тоа го тврдат весникот „Зидојче цајтунг”, како и телевизиите НДР и ВРД.

Според сегашниот закон, можно е да се одземе германското државјанство ако некој Германец доброволно, без одобрение од Министерството за одбрана, одлучи да пристапи во странска вооружена формација.

Законот ќе биде дополнет, според медиумите, а сето тоа е во врска со барањето на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека Европа треба да преземе повеќе од 800 борци на Исламската држава од Стариот Континент кои се во заробеништво, како и да им се суди.

Спонзорирано: