Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, ја коментира неуспешната набавка на воени авиони од типот „Ф-16“ истакнувајќи дека, освен времето, не е загубено ништо, а особено не е изгубен меѓународниот углед на Хрватска.
Грабар-Китаровиќ, која учествуваше на конференција за новата енергетска стратегија, утврди дека ниту таа ниту нејзиниот кабинет не учествувал во процесот.
Запрашана за набавката рече дека треба да се проценат и согледаат сите научени лекции.