19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

До март ќе се нивелираат платите во културните дејности

Министерството за култура соопшти дека до март 2019 година ќе спроведе нивелација на платите во културата по дејности.

Од таму појаснуваат дека нивелацијата во институциите од областа на културата се спроведува од причини што веќе подолг период е присутен проблем на неправилности и нелогичности во висината на бруто-коефициентите за пресметка на платата, односно за исто работно место во две институции има различен бруто-коефициент за пресметка на плата.

„Ваквата состојба со платите во институциите во културата произлегува од непринципиелното доделување на бруто-коефициенти за пресметка на плата, при што не се применувал постојниот колективен договор. Исто така, во одредени дејности од областа на културата имало покачување на платата од 40 отсто, а во заштитата и библиотекарството воопшто не е спроведно. Нивелацијата е во согласност и со иницијативата на СКРМ, средствата за нивелацијата на платите да бидат изгласани и вметнати во буџетот за 2019 година“, велат од  Министерството.

Додаваат и дека главен приоритет на Министерството за култура и понатаму останува новиот Закон за јавен интерес во културата, со чие усвојување во Собранието и по усвојувањето на новиот закон за јавна администрација, како што велат, ќе се создадат услови за потпишување на новиот колективен договор во културата.

Во соопштението се наведува дека со склучувањето на новиот колективен договор за културата во иднина ќе се решат негативните состојби со платите и ќе се регулираат сите досега отворени прашања во врска со работниот однос на вработените во културата.

Спонзорирано: