Компирите им се омилени на многумина. Се подготвуваат на повеќе начини, а можат да послужат како прилог или како главно јадење.
Еве еден рецепт за компири подготвени на малку поинаков начин…
Состојки:
1 кг компири
250 гр кравјо сирење
1 главица комид
малку пиперка
20 гр презла
2 дл масло
1 јајце
сол по вкус
Начин на подготовка:
Излупете го кромидот, измијте го и изрендајте го. Компирите измијте ги, излупете ги и повторно измијте ги. Потоа зготевете ги па добро изгмечете ги.
Од компирите, сирењето, кромидот, презлата, пиперките и солта замесете тесто. Од тестото направете шницли. Пржете ги на загреано масло, од двете страни, убаво да поруменат.
Шницлите од компири послужете ги со некој пикантен сос.
Добар апетит!